дома Македонија ПРИ КРАЈ Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ ВО ГЕРМАНИЈА: Усвоена...

ПРИ КРАЈ Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ ВО ГЕРМАНИЈА: Усвоена декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Владата на денешната седница го усвои извештајот за преговорите со усогласен текст на заедничка декларација за намера на македонската Влада, застапувана од македонското Министерство за внатрешни работи и Сојузното Министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за процедури за замена на возачките дозволи.

– Ова претставува последна фаза пред потпишување на декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината), информираат од владината прес-служба.