дома Македонија ПРОБЛЕМОТ СО СТАВРЕВСКИ Е ПОЛИТИЧКИ, А НЕ ЗАКОНСКИ: Чулев ќе поднесе до...

ПРОБЛЕМОТ СО СТАВРЕВСКИ Е ПОЛИТИЧКИ, А НЕ ЗАКОНСКИ: Чулев ќе поднесе до ДИК барање за мислење за проблемот што го создаде СДСМ

Откако дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска не ја потпиша одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за МИА изјави дека денеска ќе поднесе барање за мислење до Др

Според Чулев, проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.

– Ставрески не е оcyдуван, ниту против него има постапка или каква било иcтрага. Напротив, тој е лице кое поседува сертификат „државна тајна” за информации од доверлив карактер, издаден во периодот кога Спасовски беше министер за внатрешни работи. Не гледам никаква пречка да биде началник на СВР – Скопје и поради можноста различно да се толкуваат законските прописи, планирам да се обратам до ДИК која ќе треба да одлучи и да се изјасни за натамошно нормално функционирање на позицијата на лицето за кое станува збор, изјави Чулев за МИА.

Тој потенцира дека е најважно да се функционира професионално и согласно законските норми. Сé друго, како што напомена, претставува политизирање и израз на стрaв од соочување со професионалци.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна, во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до односното Министерство. Одлуката на ДИК е конечна.