Прогноза на УХМР – еве какво време не очекува за време на викендот, особено од понеделник следува поларен студ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.

Минималната температура во петок ќе се движи од минус 5 до 3 степени, а максималната од 3 до 11 степени.

Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени. За недела УХМР прогнозира утрински температури до минус 8, за понеделник до минус 10, а за втриник и до минус 11.

Најголема снежна покривка денеска изутрина имаше на Попова Шапка – 57 см, Маврови Анови – 40 см, Пожаране – 19 см, Крушево – 17 см, Берово и Тетово по 6 см, Виница – 5 см и Ѓуриште – 2 см.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди почести во јужните делови, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Во Скопје претежно облачно време со умерен, повремено засилен северен ветер.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This