дома Занимливости ПРОГРАМИРАЊЕ НА ФЕИТ: Средношколци се запознаа со основите на програмирањето

ПРОГРАМИРАЊЕ НА ФЕИТ: Средношколци се запознаа со основите на програмирањето

Шеесетина ученици од девет средни училишта се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, што вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства за нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство.

Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Настанот е дел од иницијативата „Hour of Code“, организирана од компанијата code.org.