дома Македонија ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА МУКОСКИ: Судиите Периќ, Нича и Кадриу му го продолжија...

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА МУКОСКИ: Судиите Периќ, Нича и Кадриу му го продолжија притворот на пратеникот Мукоски на ненајавена седница

Советот судии на Апелациониот суд во Скопје, составен од судиите Цветанка Периќ, Јани Нича и Сафет Кадриу не ја прифати жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, и го потврди решението на првостепениот суд, со кое му продолжена мерката притвор.

Апелациониот суд за жалбата на Мукоски расправаше на нејавна седница. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.

Претходно Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на другите притворени за настаните од 27 април во Собранието.