September 26, 2022, 7:14 pm

Продолжува балканската тура: Лавров денес во посета на Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја заврши официјалната посета на Хрватска со свеченото отворање на новата зграда на руската амбасада во Загреб, а на крајот од посетата се сретна и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска во Загреб разговараа за политичките и економските односи меѓу двете земји и за состојбата во Југоисточна Европа, соопшти Кабинетот на претседателот.

Соговорниците разговараа и за можностите за подобрување на односите на Руската Федерација со Европската унија, чија членка е и Хрватска, пренесува Танјуг.

Рускиот министер за надворешни работи претходно се состана со највисоките хрватски претставници како дел од регионалната турнеја за време на која тој ги посети и Босна и Херцеговина и Србија.

Тој во новата амбасада беше пречекан од хрватскиот министер за надворешни и европски прашања Гордан Грлиќ Радман, поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Бандиќ, кој единствено даде изјава за печатот, рече дека Лавров го поканил во Северна Осетија, регион на Кавказ, чијшто почесен граѓанин е и му испратил честитки на рускиот претседател Владимир Путин преку Лавров, кој му дал медал за пријателство.

„Ние сме исто дрво со две гранки. Ние сме една од 27-те главни градови на Европската унија, но никогаш не смееме да ја заборавиме добрата соработка со нашите руски пријатели. Да живее пријателството меѓу хрватскиот и рускиот народ!“, Рече Бандиќ, пренесува Слободна Далмација.

Пред да пристигне во Загреб, Лавров остана во Белград, а пред тоа во БиХ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This