дома Русија Продолжува дипломатската вojна: Русија пpoтера романски дипломат

Продолжува дипломатската вojна: Русија пpoтера романски дипломат

Русија ја прогласи персона нон грата за помошник воен аташе на Романија во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Романскиот амбасадор Кристијан Истрате беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде што му беше врачена нота од Министерството за протерување на помошникот аташе за одбрана во романската амбасада, капетанот Г. Илиеску“, се вели во соопштението.

Дипломатот мора да ја напушти Русија во следните 72 часа.

„Руската страна го направи овој чекор како одговор на неоснованото протерување на помошникот воен аташе во руската амбасада во Букурешт на 26 април“, додаде руското Министерство.

Односите меѓу Русија и Западот продолжуваат да се влошуваат. Во последниве недели, САД, Бугарија, Украина, Чешка, Словачка, Полска, Литванија, Летонија и Естонија најавија протерување на руски дипломати од различни причини. Најсериозната дипломатска криза се забележува во односите меѓу Москва и Прага. Русија реагира реципрочно на сите овие мерки.