дома Свет ПРОДОЛЖУВА ПОДДРШКАТА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Дали Америка вчера вечер ја бомбардираше сириската армија?

ПРОДОЛЖУВА ПОДДРШКАТА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Дали Америка вчера вечер ја бомбардираше сириската армија?

Во воздушните напади на коалицијата предводена од САД, позициите на сириската армија беа погодени, на исток од Сирија, во близина на фронтот со ДАЕШ, објавија сириските државни медиуми. Од друга страна, руските воени извори ги негираа овие тврдења за Спутник.

Нападот ги погодил позициите помеѓу Абу Камал и Хмеим во провинцијата Деир ел Зоор, а материјалните штети биле пријавени, според медиумите.

“Ние немаме информации за да ги потврдиме овие наводи”, изјави портпаролот на Пентагон Андриан Ранкин Геловеј во Вашингтон.

Ако тврдењата се потврдат, тоа ќе бидат првите американски напади врз сириската армија од април, кога САД, Британија и Франција ги бомбардираа владините капацитети како одговор на наводниот хемиски напад, за кој Западот ја обвинува сириската влада.

Информациите дека коалицијата предводена од САД спроведе воздушен напад врз сириските позиции не е точна, изјави Спутник за воен извор од Русија.

Пентагон не ги потврди воздушните напади.

“Ние немаме информации што го потврдуваат ова”, рече портпаролот на Пентагон.