Во кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Шпион“. Во предметот кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.
Минатото рочиште за „Шпион“ беше одложено поради не присуство на првообвинетиот Маријан Ефремов на рочиштето.
Како што информираа неговите адвокати, Ефремов на 15 мај е хоспитализиран и задржан на болничко лекување.
Одложувањето на рочиштето беше на подолг рок за да им се овозможи на адвокатите да ги разгледаат дополнителните докази што на минатото рочиште ги достави СЈО.