дома Социјални Мрежи ПРОМЕНА НА ИМЕТО СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Милошоски од дипломатски извори – договорена средба...

ПРОМЕНА НА ИМЕТО СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Милошоски од дипломатски извори – договорена средба Заев-Ципрас во грчката Мала Преспа

При крајот на оваа недела ќе се потпише договорот за промена на името Република Македонија, помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, тврди екс-министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на својот ФБ профил, повикувајќи се на дипломатски извори

„Од дипломатски извори:
четврток или петок (оваа недела) ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на Договорот за смена на името Република Македонија!“