дома Хроника Пронајдени 32 мигpaнти во комбе кај с.Марвинци

Пронајдени 32 мигpaнти во комбе кај с.Марвинци

На 28.03.2021 во 06.00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер”.
По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти. За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.