дома Хроника ПРОНАЈДЕНО ВОЗИЛО БАРАНО ОД ИНТЕРПОЛ: Украдено возило што се бара преку Интерпол...

ПРОНАЈДЕНО ВОЗИЛО БАРАНО ОД ИНТЕРПОЛ: Украдено возило што се бара преку Интерпол пронајдено на ГП Стар Дојран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Р. (42) од Шуто Оризари, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

На 6 мај во 13.30 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“, при проверка на патничко возило „OPEL MERIVA-A“ со италијански национални ознаки, управувано од Б.Ѓ. (51) од Скопје, било утврдено дека возилото се наоѓа на листата на Интерпол за украдени возила, и е предмет на меѓународна потрага распишана преку ИНТЕРПОЛ.