дома Локално ПРОПАДНАА ЛАГИТЕ НА СТРУМИЧКОТ ОГРАНОК НА СДСМ: Огревното дрво испорачано до сите...

ПРОПАДНАА ЛАГИТЕ НА СТРУМИЧКОТ ОГРАНОК НА СДСМ: Огревното дрво испорачано до сите договорени домаќинства во струмичко!

Договорените количини на огревно дрво за новата грејна сезона, за кои ЈП „Македонски шуми“ Подружница ШС „Беласица“ во Струмица имаше склучено договори со граѓани од струмичко се доставени до нивните домови, остануваат уште 7-8 граѓани, кои за жал не можеме да ги пронајдеме – вели директорот на ШС „Беласица“, Кире Михаилов, апелирајќи до нив да се јават во дирекцијата за да ги ажурираат точните податоците.

Над 15.000 м³ огревно дрво се испорачани до крајните купувачи за оваа грејна сезона. „Шумското“ во Струмица сеуште располага со доволна количина на огревно дрво, даб и бука, и граѓаните кои сакат можат да дојдат во претпријатието да договорат и си обезбдедат дрва за зимскиот период кој допрва доаѓа.

„Оваа година сите обврски ги исполнивме од наше сопствено производство, што значи немаше потреба обезбедување на огревно дрво од другите соседни подружници, како што имаше случај во претходните години“ – додаде Михаилов.