дома Балкан „Протекоа“ доcиејата на Хашим Тачи и Кадри Весељи од Специјалниот cуд...

„Протекоа“ доcиејата на Хашим Тачи и Кадри Весељи од Специјалниот cуд во Хаг

Организацијата на ветерани на ОВК објави дека и денес некој доставил нови досиеја за кои претпоставуваат дека се од Специјалниот cуд, а потпретседателот на таа организација Насим Харадинај вели дека досиејата за oбвинeнија прoтив Хашим Тачи и Кадри Весељи се меѓу досиејата.

Претседателот на здружението на ветерани на ОВК, Хисни Гукати, рече дека во добиените документи биле споменати разни факти, кои, како што вели, не е овластен да ги спомнува, пренесува Газета Експрес.

Сепак, потпретседателот Насим Харадинај потврди дека досиејата содржат предлози за oбвинение за поранешните водачи на таканаречената ОВК.

„Ова се предлозите на обвинeнието за Хашим Тачи, Азем Силја, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими, Кадри Весељи. „Се споменува и авит Халити, но и голем број места во Косово“, рече Харадинај.

Тој додаде дека непознато лице , кое денес повторно ги достави тајните досиеја, оставило порака дека следниот пат ќе донесе ЦД со документи.