дома Актуелно ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Протест утре во 18 часот пред Истражниот затвор во Шуто...

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Протест утре во 18 часот пред Истражниот затвор во Шуто Оризари!

Со почеток во 18 часот утре протест ќе се одржи пред Истражниот затвор во Шуто Оризари како поддршка за неправедно притворените лица за настаните во Собранието на 27 април.

Протестот е во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетување, по апсењето на 24 лица во вторникот рано наутро, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред Кривичниот суд и пред Министерството за правда на кои присуствуваа претседателот на партијата Никола Груевски, истакнати партиски членови и поддржувачи.

Секојдневно партијата по два часа, од 15 до 17 часот блокира раскрсници низ Скопје во знак на револт поради приведувањето.