дома Европа Протести во Германија против рестриктивните мерки

Протести во Германија против рестриктивните мерки

Илјадници се собраа во Берлин во Саботата во знак на протест за рестриктивните мерки кои се имплементирани поради корона вирусот.
Демонстрантите се собраа во центарот на Берлин близу познатата Бранденбуршка Порта, малкумина носејќи маска и извикувајќи „Тука сме, гласни сме, ни ја одземате слободата!“.
Протестот е планиран веќе неколку недели со слоганот „Крај на пандемијата-Ден на слобода“. Некои демонстранти носеа плакати со фразите;„не тераат да носиме маски“ и „Корона, лажен аларм“.
Надлежните предвидуваат дека околу 15,000 луѓе излегле да се приклучат на протестите, од научни скептици до либерали и десничари кои го вееле знамето на империјалистичка Германија.
„Нашите барања се да се вратиме во демократија, маската што сите не зароби мора да си оди!“ изјавиле некои од демонстрантите.

Полицијата пробувала да имплементира социјална дистанца помеѓу толпата користејки мегафони.