дома Политика ПРОТЕСТИ ВО МАЛА РЕЧИЦА: Граѓаните ќе протестираат против отворање на казино, БЕСА...

ПРОТЕСТИ ВО МАЛА РЕЧИЦА: Граѓаните ќе протестираат против отворање на казино, БЕСА го поддржува протесот

Тетовското крило на БЕСА предводено од Африм Гаши силно го поддржува протестот најавен за утре, кој ќе се одржи во Мала Речица против отварање на казино во тетовската населба

 

„Силно го поддржуваме протестот против отварањето на казино во Мала Речица и ги повикуваме сите симпатизери на БЕСА, но и сите граѓани да земат учество на протестот“ – велат од БЕСА.

Според партијата, во Тетово функционираат повеќе од 50 нелегални казина, нешто на што мора да се стави крај поради безбедноста на граѓаните, но и поради моралната деградација на општеството.

Од БЕСА бараат промена на легислативата и законите, со цел да се постигне порестриктивна регулатива за ваквиот вид на индустрија.