дома Македонија ПРОТЕСТИ ПРЕД КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА ГРЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Македонија памети

ПРОТЕСТИ ПРЕД КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА ГРЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Македонија памети

Обединетата Македонска Дијаспора повикува на мирен протест пред Канцеларијата за врски на Грција во Скопје

Maкедонија памети. Бидете дел од едноминутниот молк во спомен на жртвите на бруталноста на грчката држава од поделбата на историска Маке.донија во 1912-1913 година, се вели во повикот на ОМД за собир денеска во 19,30 часот пред Канцеларијата за врски на Грција во Скопје.

Дрво без корен нема, па така и државата без минато нема ниту иднина, токму ова се потенцира промотивните материјали за повикот.
„Не дозволувајте Грција да ја избрише нашата историја. Бидете дел од креирањето на нашата сопствена иднина“, пишува на промотивните материјали.