дома Македонија ПРОТЕСТ И ПРЕД ВЛАДАТА: Група граѓани протестираше пред Владата против двојазичноста

ПРОТЕСТ И ПРЕД ВЛАДАТА: Група граѓани протестираше пред Владата против двојазичноста

Група граѓани денеска протестираше пред Владата против Законот за употреба на јазиците.

Тие му порачаа на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во Македонија“.

Вчера имаше протести и низ неколку градови низ Македонија, главно пред домовите на пратеници од СДСМ кои гласаа за Законот за јазиците.