дома КОВИД-19 (Коронавирус) Против коронавирус вакцинирани се 800.718 македонски граѓани

Против коронавирус вакцинирани се 800.718 македонски граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 21-ви октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од МЗ.