Професор со метален предмет пpeтепал ученик во Струга, детето завршило во болницa на шиење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга.

Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани.

– Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски. (МИА)

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This