дома Македонија ПРОЧИТАЈТЕ:Николоски го објави штетниот договор за промена на името Република Македонија

ПРОЧИТАЈТЕ:Николоски го објави штетниот договор за промена на името Република Македонија

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ денеска на својот профил на фејсбук го објави договорот за решавање на спорот со името којво Преспа го потпишаа Зоран Заев, премиер на Македонија и Никола Димитров, министер за надворешни работи со Алексис Ципрас, премиерот на Грција и Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција.

„Како што ветив вчера во емисијата „60 минути“ на Алфа телевизија, ексклузивно го објавувам штетниот договор потпишан од Заев и Димитров во Преспа. Прочитајте го внимателно катастрофалниот договор за промена на името. Договорот го објавувам во оргинал на англиски јазик како што е потпишан со цел власта да не манипулира со преводот. Прочитајте! – напиша Николоски на својот фејсбук профил.