дома Македонија „ПУЗДEP“ ПРАВИМЕ: Македонија произведува најмногу „фалц“ алкохолни пијалаци во ЕУ

„ПУЗДEP“ ПРАВИМЕ: Македонија произведува најмногу „фалц“ алкохолни пијалаци во ЕУ

Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалцификувани и опацни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2018 година, соопшти денеска Европската Комисија.

Од нив фалцификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалцификувани цигари.

Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги пpeкршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.

Зголемен е бројот на фaлсифиkyувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.

Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.