дома Свет ПУТИН ГО ОТРУЛ СКРИПАЛ: Министерот за безбедност на Британија, Бен Волас со...

ПУТИН ГО ОТРУЛ СКРИПАЛ: Министерот за безбедност на Британија, Бен Волас со банални обвинувања кон рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин сноси крајна одговорност за нападот со нервен агенс „новичок“ врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март оваа година, изјави британскиот министер за безбедност Бен Волас.

Тој вели дека Путин сноси одговорност, бидејќи тој е претседател на Руската Федерација и неговата влада ги „контролира, основа и управува“ воено разузнавачките служби.

Скрипал и неговата ќерка беа пронајден во несвесна состојба на 4 март во Солзбери, а истрагата утврди дека биле затруени со новичок.