дома Актуелно Путин го шokиpaше светот: He cmeeме да дозволиме „тepopистите“ да ја напуштат...

Путин го шokиpaше светот: He cmeeме да дозволиме „тepopистите“ да ја напуштат земјата, дури и ако тие „се преправаат дека се бегалци“

Russian President Vladimir speaks during his annual news conference in Moscow, Russia, Thursday, Dec. 20, 2018. Speaking at news conference Thursday, Putin pointed at the U.S. intention to withdraw from the 1987 Intermediate-Range Nuclear Forces (INF) Treaty. He said that if the U.S. puts intermediate-range missiles in Europe, Russia will be forced to take countermeasures. (AP Photo/Alexander Zemlianichenko)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на спречување на распадот на Авганистан, кој сега е во рацете на Талибанците, и додаде дека не треба да им се дозволи на „терористите“ да ја напуштат земјата, дури и ако тие „се преправаат дека се бегалци“.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Москва, Путин ја критикуваше неодговорната западна политика на наметнување странски вредности на Авганистанците.

„Желбата за градење демократија во други земји според странски модели треба да се запре, без да се земат предвид историските, националните и верските особености и целосно да се игнорира традицијата според која живеат другите народи“, рече Путин.

Рускиот претседател изрази уверување дека тоа е лекција од Авганистан.

Путин додаде дека Талибанците ја контролирале речиси целата територија на Авганистан и дека тоа е реалност што треба да се земе предвид сега за да се спречи распаѓање на авганистанската држава во иднина.

Според него, важно е да се спречи заминувањето на терористите во соседните земји кои можат да се преправаат дека се бегалци.

Москва, која смета дека авганистанската криза е последица на брзото заминување, дури и бегство на американските сили, го поддржува започнувањето на национален дијалог во Авганистан со учество на сите политички, етнички и исповеднички сили на таа земја, анализираат светските медиуми.