дома Русија Путин и официјално е повторно кандидиран за претседател

Путин и официјално е повторно кандидиран за претседател

Руската Централна изборна комисија денеска го регистрираше претседателот Владимир Путин како кандидат на следните претседателски избори закажани за 18 март.

Путин на овие избори се кандидира како самостоен кандидат, за регистрација му беа неопходни најмалку 300.000 избирачки потписи, а тој успеа да собере 1,6 милиони.

Централната изборна комисија претходно ги регистрираше како кандидати на претседателските избори лидерот на Либерално демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, и кандидатот на Комунистичката партија на Русија, Павел Грудинин.

Уште петмина кандидати се очекува да се регистрираат – Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Григориј Јаблински, Сергеј Бабурин и Борис Титов.

Според неодамнешните резултати на анкетите, Путин ќе освои околу 70 проценти од гласовите.