дома Русија ПУТИН И ТРАМП ЌЕ РАЗГОВАРААТ УТРЕ

ПУТИН И ТРАМП ЌЕ РАЗГОВАРААТ УТРЕ

Телефонскиот разговор на Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп, се планира за утре, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој наведе дека во текот на телефонскиот разговор Путин ќе му честита на Трамп за стапувањето на новата должност и воедно планира за време на разговорот да разменат мислење за состојбата околу билатералните односи.

Воедно портпаролката на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека се подготвени да почнат сеопфатен дијалог со администрацијата на Доналд Трамп но дека чекаат нејзино комлетно формирање.