дома Русија ПУТИН НЕ ПЛАНИРА ДА ОДИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ 2018

ПУТИН НЕ ПЛАНИРА ДА ОДИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ 2018

Председателот на Русија  Владимир Путин сега за сега не планира да ги посети Олимписките игри во Пјонгчанг-Јужна Кореа, изјави портпаролот на  Кремљ Дмитриј Песков.

„За сега не планира“, изјави Песков за весникот „Известија“ на прашањето на новинарот дали Претседателот планира да ги посети Олимписките игри.

Зимските олимписки игри 2018 ќе се оддржат во јужнокорејскиот град  Пјонгчанг од 9. до 25. Февруари.

Председателот на Русија одби да учествува и на Олимписките игри во Бразил 2016, бидејќи на голем број руски спортисти не им беше дозволено да учесвуваат на натпреварите.