дома Русија Путин откри каков роденденски подарок добил од својот внук

Путин откри каков роденденски подарок добил од својот внук

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека секогаш очекува честитки од најблиските за роденденот.

„Знам дека ако не го прослават роденденот со мене, тие задолжително ќе се јават, или ќе најдат некој друг начин да ми честитаат“, рече претседателот на телевизија „Русија 1“.

Рускиот лидер, кој наполни 68 години на 7 октомври, раскажа какви подароци добил од неговиот внук.

„Ми подарува рачно изработени предмети, да. Добивам и цртежи или едноставно, честитки “, рече Путин.