August 18, 2022, 9:08 am

Путин пpeдупредува: Распадот на Русија би бил многу пokpвав отколку оној на Југославија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во случај на распад на Русија, последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку во поранешна Југославија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју емитувано на ТВ каналот „Русија-1“.

Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека во случај да поминевме низ истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само на рускиот, туку и на сите народи кои живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија, истакна Путин.

Тој додаде дека имало бројни надворешни притисоци врз Русија во текот на 90-те години од минатиот век и дека земјата изгубила добар дел од нејзиниот суверенитет во тоа време.

Имаше многу инструменти на притисок, Русија беше прилично слаба, зависеше од различни финансиски инструменти и механизми, политички и внатрешни. Може да се каже со жалење дека Русија тогаш изгуби поголем дел од својот суверенитет, нагласи Путин.

Рускиот претседател се потсети на ситуацијата во 1999 година кога беше премиер.

Што се однесува до губењето на суверенитетот, го видов тоа кога бев премиер во 1999 година, кога по почетокот на нашите воени операции во Северен Кавказ, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд побара да ги прекинеме акциите, откри Путин.

Тој додаде дека прашал каква врска има ММФ со операциите во Северен Кавказ и му било кажано дека тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

Тврдевме дека ја зајакнавме нашата државност и со тоа создадовме можност за поефикасна работа во економската сфера, но нашите аргументи беа игнорирани, истакна Путин во интервјуто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This