дома Русија ПУТИН: Сватете, Русите живеат според руските,а не според американските закони

ПУТИН: Сватете, Русите живеат според руските,а не според американските закони

Русите кои се обвинети дека се мешале во американските избори ќе одговараат само доколку ги имаат повредено руските закони, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, во интервјуто за американската телевизија Ен-Би-Си.

„Ако тие навистина ги повредуваат рускиот закон, ќе одговараат пред суд. Ако не го повредиле рускиот закон, немаме за што да ги изведуваме пред суд. Морате да сватите дека рускиот народ не живее по американски туку по руски закони, и така ќе биде и во иднина“изјави Путин.

Тој додаде дека обвинетите граѓани не ја претставуваат руската држава, па така да во таа смисла сеедно ми е дали се мешале во американските избори.