September 29, 2022, 10:52 pm

Пaдот на лирата ја ypна истанбулската берза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истанбулската берза во петокот продолжи со работата откако претходно објави дека на еден час ги запира сите операции поради наглиот пад на главниот берзански индекс и новиот пад на крусот на трската лира.

Во текот на денот берзата на турскиот мегалополис во 14.24 часот по македонско време објави дека се активирал системот за автоматско суспендирање на тргувањето откако пазарите паднаа на критичната вредност на главниотидекс, па трансакциите беа привремено суспендирани за сите операции.

Во меѓувреме претходно во петокот турската лира падна за 9 отсто до уште еден негативен рекорд од 17,14 лири за еден американски долар од претходното ниво од 15,66 лири за долар. Падот на националната валута дојде откако централната банка на Турицја во четвртокот одлучи да ја намали есконтната стапка на 14 од 15 отсто. Регулаторот најави и нови директни девизни интервенции претходно во петокот.

Труската национална валута, со која на почетокот од 2021 година се тргуваше по курсот од 7,4 лири а долар, поевтини за околу 50 отсто во текот на годината а на 23-ти ноември поевтини за 16 отсто. Ваквиот остар пад на лирата беше највисокиот на дневно ниво во последните 20 години. Тоа беше резултат на одлуката на централната банка од 18-ти ноември одлучи да ја намали есконтнатна каматна стапка на 15 од 16 отсто, по што претседателот Реџеп Тајип Ердоган во телевизиско обраќање повторно се изјасни во полза на намалувањето на есконтната стапка, тврдејќи дека тоа ќе доведе до намалување на инфлaцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This