Пaндeмиjaтa и нeдocтигoт од вakцини вo фoкycoт нa Caмитoт на земјите од Г7

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата со ковид-19 и социјално -економската нееднаквост се во фокусот на денешниот самит во Британија на лидерит на земјите од групата Г-7. Претседелите на Велика Британија, Канада, Фрнација, Германија, Италија, Јапонија и САД се очекува да разговараат за координиран одговор за спречување на развојот на пандемијата. Денешниот самит го отворија со теми поврзани со споделување на вакцини со посиромашните земји како и дискусии за поправедна економија.

Британскиот премиер Борис Џонсон кој е домаќин на овој Самит вели дека не смее да се дозволи ковид-19 да остави „траен белег“ врз светот. Соочувајќи се со критика за разликата обезбедување на вакцини за имунизација на населението меѓу богатите и сиромашните земји, на Самитот е предвидено и спогодба со која земјите од Г-7 ќе одвојат вкупно една милијарда дози вакцини за посиромашните земји.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно вети дека САД ќе донира пола милион вакцини од фирмата Фајзер во текот на следната година. Џонсон вети дека најмалку 100 илјади дози од своите резерви ќе ги сподели со посиромашни земји. Британските власти како домаќини на Самитот, најавија дека по дискусијата се очекува да биде објавен и пакет на мерки насочени за справување со пандемијата.

Тридневниот состанок на лидерите на Г7 претставува и огромна можност за глобално економско закрепнување по пандемијата.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This