дома Свет Пaниka нa aepoдpoмoт „Џон Ф. Кенеди“: Eвaкyиpaн руски aвиoн пopaди дojaвa зa...

Пaниka нa aepoдpoмoт „Џон Ф. Кенеди“: Eвaкyиpaн руски aвиoн пopaди дojaвa зa 6omбa

Аеродромската служба на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк добила дојава за бомба во авион на руската комапнија „Аерофлот“, што слетал од Мослва во неделата вечер по локално време.

Полицијата веднаш ги евакуирала сите 250 патниви, го пребарала авионот, но не не потврдила постоење на експлозивна направа..

По инцидентот, аеродромот е отворен, но неколку летови биле поместени заради истрагата.

Во извештајот се наведува дека авионот кој долетал од Москва е под истрага, па сите патници и нивниот багаж бил детално прегледан.

Управата на аеродромот на Твитер објави дека поради инцидентот патниците може дополнително да бидат проверувани и полицијата ќе прати уште припадници за да го обебеди аеродромот.