дома Свет ПAHИKA ВО ЛОДНОН: Дроновите кои ги надлетуваа аеродромите во Лоднон, ги приземји...

ПAHИKA ВО ЛОДНОН: Дроновите кои ги надлетуваа аеродромите во Лоднон, ги приземји авионите, вojскaтa на терен има и cнajперисти!

Британската полиција денеска распореди снајперисти и испрати хеликоптер во рамки на потрагата по операторите на дронови кои го надлетуваат лондонскиот аеродром Гетвик, предизвикувајќи застој во сообраќајот.

Претпладнево, околу 11 часот беше забележан втор дрон, 14 часа откако беше видено првото летало. Аеродромот соопшти дека од откажувањето на летовите погодени се 110.000 патници.

Полицијата смета дека станува збор за намерно попречување на работата на аеродромот, но и дека ништо не упатува на тероризам. Аеродромот е затворен од синоќа, а најавите се дека летовите ќе бидат обновени најраано после 19 часот.