дома Европа Пapиcкиoт мapaтoн oткaжaн пopaди пaндeмијaтa на кoрoнaвиpyc

Пapиcкиoт мapaтoн oткaжaн пopaди пaндeмијaтa на кoрoнaвиpyc

Организаторите на парискиот маратон решија да не го одржат натпреварот оваа година заради пандемијата на коронавирус.

Натпреварувањето првично требаше да се одржи на 5 април, потоа беше одложено за 18 октомври, следуваше нов термин – 15 ноември.

– Се обидовме сè да го одржиме настанот, но бевме принудени да го откажеме парискиот маратон во 2020 година во договор со властите во Париз. Соочени со невозможноста многу од учесниците, особено од странски држави, да пристигнат на 14-15 ноември, решивме да го одложиме маратонот за 2021 година во порелаксирана атмосфера, се вели на веб-страницата на маратонот.

Тркачите регистрирани оваа година се автоматски регистрирани и за следната. Во спротивно, секој пријавен, може да си ги врати средствата во текот на 18 месеци.