дома Македонија Пoжapитe кoи ja зaфaтиja зeмjaтa дoнecoa тeшкa илиндeнcкa нoќ

Пoжapитe кoи ja зaфaтиja зeмjaтa дoнecoa тeшкa илиндeнcкa нoќ

Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица. Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Сите сили и капацитети на системот, како што пишува премиерот, се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.

-Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот.

Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето.Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.