August 18, 2022, 9:36 am

Пoлициjaтa кoceлa: Зa eдeн мeceц изpeчeни 20.000 kaзни зa cooбpaќajни пpekpшoци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во засилените акциски контроли од областа на сообраќајот, изминатиот месец во земјава изречени се повеќе од 20.000 казни санкции за сообраќајни прекршоци, а денеска во Гевгелија, за период од еден час изречени се над 60 казни за сообраќајни прекршоци главно за нерегистрирани возила, возачи без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, информира денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Ангеловски апелираше до граѓаните на Гевгелија и целата држава да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да ги избегнат казните од полицијата, како што рече, туку за да се воведе ред на улиците и патиштата и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Ангеловски порача дека засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период поради што повика заеднички сите да придонесеме за безбедност на нашите улици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This