дома Хроника Пoлициjaтa co пoлни paцe paбoта: Низ цeлa тepитopијa на Македонија kaзнeти 394...

Пoлициjaтa co пoлни paцe paбoта: Низ цeлa тepитopијa на Македонија kaзнeти 394 вoзaчи зa бpзo вoзeњe

Во текот на вчерашниот ден (11.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 394 возачи.

Од нив, 53 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.