Пoлициjaтa co пoлни paцe paбoтa: Bo тeкoт нa викeндoв peгиcтpиpaни гoлeм бpoj физички пpecмeтки, нaпaди, kpaжби, paзбojништвa…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– На 18.07.2021 од 01.35 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен и задржан С.Ф.(33) од с.Беловиште, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од М.И.(30) од Гостивар според која околу 00.20 часот во простории на такси компанија во Гостивар, по претходна расправија, бил физички нападнат од пријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– На 17.07.2021 околу 21.50 часот во Полициска станица Кратово е пријавено дека пред стоковна куќа во Кратово, Д.Г.(25) од с.Крилатица, кратовско и А.К.(24) од Кратово физички го нападнале С.П.(52) од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 18.07.2021 во 03.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен М.С.(41) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во близина на угостителски објект во Тетово физички ја нападнал поранешната сопруга М.С.(36) од Тетово. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– На 17.07.2021 во 23.35 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека пред угостителски објект во Кратово, Б.Т.(25) и А.К.(24), двајцата од Кратово физички го нападнале Б.П.(44) од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 18.07.2021 во 02.00 часот во СВР Битола, Е.М.(40) од Битола пријавил дека на 17.07.2021 околу 21.10 часот на место викано „Сточен пазар” во Битола бил физички нападнат од М.Р., А.Р., А.Р., Н.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 17.07.2021 околу 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

– На 18.07.2021 околу 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на подрачјето на Чаир, две лица со употреба на физичка сила од чуварот Е.Р. одзеле пари и алат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 17.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од с.Горно Јаболчиште – Чашка, при што им одзеле патничко возило „бмв 320″, во кое се превезувале оштетените. За настанот е известен е Јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This