дома Свет Пoлoши се и од нас – 91 политичар yбиeн во предизборна камапња...

Пoлoши се и од нас – 91 политичар yбиeн во предизборна камапња во Мексико

На 6.ти јуни во Мексико ќе бидат одржани општи избори, а предизборната кампања ја одбележа брутално насилство во кое е убиен 91 политичар, меѓу кои и 36 кандидати за претстојните избори.

Според информациите на медиумите, позади убиствата стојат мафијашки кланови.

Кандидатот за градоначалник за општината Казонес во државата Веракруз од опозициската партија Граѓанско движење на Рене Товар, убиен е од огнено оружје во својот дом на 5.јуни. Тој е последната, во 91.жртва на предизборното насилство.

Од политичката паритија Граѓанско движење соопштија дека го осудуваат убиството.

Според информациите на консултатнската фирма Етелекет, во предизборната кампања во 2021. година во Мексико убиени се 91 политичар, од кои 36 кандидати на претстојните избори. Според статистиките, во тек е една од најкрвавите предизборни кампањи од 2000. година.