дома Временска Прогноза Пoнeceтe cи чaдop: Нajaвeн oбилeн пopoeн дoжд – тeмпepaтypитe дeнec дo 26...

Пoнeceтe cи чaдop: Нajaвeн oбилeн пopoeн дoжд – тeмпepaтypитe дeнec дo 26 cтeпeни

Времето во земјава ќе претежно облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.