Пoтpaгa пo cyпepвakцинaтa пpoтив cитe кopoнaвиpycи e вo пoлн eк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците работат на развивање на вакцина која ќе штити против сите досегашни, но и идни варијанти на коронавируси, во случај на нова пандемија, додека се спроведуваат кампањите за вакцинација против ковид-19 ширум светот, пишува „Фајненшл тајмс“.

Директорката задолжена за истражување и развој на вакцините во Коалицијата за иновации и епидемска подготвеност (ЦЕПИ), Мелани Севил, е меѓу оние што ги предводат научните напори откако беше објавен повик за создавање на вакцина која ќе пружа широка заштита против сите т.н. бетакоронавируси, како и против кој било нов вид што би преминал од животните кон луѓето во иднина.

– Стратегијата за напредок е поврзана со две клучни прашања. Што ни е потребно за да ставиме крај на сегашната пандемија, а потоа и што ќе ни биде потребно за да ја спречиме слената пандемија – објаснува Севил.

Земајќи предвид дека ковид-19 веројатно нема да биде последниот коронавирус што ќе може да ги зарази луѓето, развојот на вакцина способна да штити против сите такви вируси стана главна преокупација за дел од научниците. А како што се забележува способноста на ковид-19 да мутира побргу отколку што првично се претпоставуваше, се зголеми интересот за нивната работа.

– Во рок од пет години „поливалентните вакцини“ кои штитат од различни видови на коронавируси ќе ја држат одбраната дури и против идните варијанти – смета Крис Вити, водечкиот здравствен експерт во Обединетото Кралство.

Но патот до т.н. поливалентни вакцини е исполнет со бројни предизвици. Научниците досега поминаа децении неуспешно трагајќи за вакцина против ХИВ, додека вакцината против грипот уште се дава годишно.

Поливалентните вакцини честопати целат кон делови од протеинот во вирусот познати како епитопи, напаѓајќи ги специфичните епитопи во деловите од вирусот што не мутираат, како што објаснува Севил. Повеќето такви вакцини бараат начини за стимулирање на продукцијата на Т-клетки, заедно со антителата, што претставува клучно во одговорот против ковид-19. Севил верува дека за пронаоѓањето на епитопите ќе биде потребно и користењето на вештачката интелигенција, за забрзување на истражувањето и развојот. Ваквиот пристап веќе се тестира.

Ковид-19, кој усмрти речиси четири милиони луѓе во изминатите 18 месеци, е барем третиот т.н. бетакоронавирус што се прошири меѓу луѓето во изминатите 20 години. Семејството вируси вообичаени за лилјаците и глодарите го вклучуваат и типот САРС-Ков-1 кој усмрти повеќе од 700 луѓе во 2003 година, како и МЕРС-Ков кој резултираше со 850 смртни случаи од 2012 година.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This