дома Европа Пpви вo Европа: Унгарија ќe нaбaви вakцини пpoтив кopoнaвиpycoт oд кинecки „Sinopharm“

Пpви вo Европа: Унгарија ќe нaбaви вakцини пpoтив кopoнaвиpycoт oд кинecки „Sinopharm“

Унгарската влада објави во петокот дека ден претходно постигнала договор со кинеската фармацевстска компанија „Sinopharm“ за набавка на вакцини против Covid-19.

Со тоа Унгарија е прва земја-членка на Европска унија која ја одобри за употреба вакцината на „Sinopharm“.

Владата ја критикуваше ЕУ поради пребавното купување и дистрибуција на вакцините, истакнувајќи дека поради тоа е загрозена економската обнова на земјата.

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека поради „скандалозната“ бавна набавка на вакцините од страна на Европска комисија нема брза дистрибуција на вакцините на почетокот на годината.

„Ако погледднеме понатаму од границата на ЕУ, ќе видиме дека САД, Велика Британија и Израел го вакцинираат населението со вртоглава брзина“, истакна Сирјарто