дома Балкан Пpвпaт цpнoгopcки пpeтceдaтeл дa бojкoтиpa кoнcтитyтивнa ceдницa

Пpвпaт цpнoгopcки пpeтceдaтeл дa бojкoтиpa кoнcтитyтивнa ceдницa

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја бојкотираше вчерашната конститутивна седница на Собранието на Црна Гора.

Тоа е првпат од прогласувањето на независност, но и во претходниот период, претседател на Црна Гора да ја бојкотира конститутивната седница.

На вчерашната седница, лидерот на коалицијата „Мир е нашата нација“, Алекс Бечиќ е избран за претседател на Собранието, со што стана првиот опозициски функционер кој ја презема новата власт, откако трите коалиции „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно на бело“ добија поголема поддршка од граѓаните на парламентарните избори.

Од вкупно 71 пратеници, за Бечиќ гласаа 45 пратеници од трите коалиции, но и пратениците на Бошњачката партија и Ник Ѓелошај носителот на листата на албанската коалиција „Генци Ниманбегу“.

Верификацијата на 81 мандат на пратениците го одбележа отсуството на Ѓукановиќ, додека беа присутни народниот правобранител Синиша Бјековиќ, врховниот државен обвинител Ивица Станковиќ, како и претседателката на Врховниот суд Весна Меденица.