дома Хроника Пpегазена девојка во Струмица, итно пренесена на скопските клиники, возачот побeгнал од...

Пpегазена девојка во Струмица, итно пренесена на скопските клиники, возачот побeгнал од местото на нecpеќата

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на градот, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната В.Б. од село Русиново, која престојувала во Струмица.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека возилото го напуштило местото на несреќата, а девојката е пренесена во струмичката болница. Оттаму заради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата работи на пронаоѓање на возачот и возилото и расчистување на случајот.

МИА