дома Хроника Пpивeдeни двe лицa oд Гостивар: Пoлициjaтa пpи извpшeн пpeтpec кaj нив пpoнaшлa...

Пpивeдeни двe лицa oд Гостивар: Пoлициjaтa пpи извpшeн пpeтpec кaj нив пpoнaшлa kokaин

Синоќа околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени неколку пакувања кокаин.

Од МВР денеска информираа дека тие биле задржани во Полициска станица Гостивар.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.