дома Хроника Пpивeдeн дилep oд Тетово: Пpи извpшeн пpeтpec вo нeгoвиoт дoм билa пpoнajдeнa...

Пpивeдeн дилep oд Тетово: Пpи извpшeн пpeтpec вo нeгoвиoт дoм билa пpoнajдeнa дpoгa

На 30.06.2021 околу 07.40 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Тетово лишен е од слобода Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Имено, при претрес во дом и други простории кај Д.М. во Тетово, на ул.„Ленин”, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.