дома Хроника Пpивeдeн дилep oд Apaчинoвo зa дoиздpжyвaњe kaзнa зaтвop

Пpивeдeн дилep oд Apaчинoвo зa дoиздpжyвaњe kaзнa зaтвop

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода Б.Р. (45), поради тоа што се барал за доиздржување на казна затвор.

На 04.04.2021 во 04.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по судска наредба, бил приведен Б.Р. (45) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што се барал за доиздржување на казна затвор во траење од три години и два месеци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори”.

Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.