дома Хроника Пpивeдeн житeл oд Тетово: Физички ja maлтpeтиpaл нeвeнчaнaтa coпpyгa

Пpивeдeн житeл oд Тетово: Физички ja maлтpeтиpaл нeвeнчaнaтa coпpyгa

Приведен жител од Тетово од страна на полициски службеници заради физичко малтретирање врз својата невенчана сопруга.

Вчеравечер (11 март) околу 21 часот и 50 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот М.М. од Тетово, кој физички ја малтретирал неговата 26-годишна невенчана сопруга, исто така, од Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

М.М. задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.